Македонија 22. август 2018. / 15:45

Сумата е позната: Еве колку ќе потроши власта за пропаганда за референдумот

Сумата е позната: Еве колку ќе потроши власта за пропаганда за референдумот

За кампањата за референдумот Владата ќе му стави на располагање на Собранието сума од 1,3 милиони евра.

Информацијата во интервју за Канал5 ја потврди Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Манчевски вели дека Собранието нема да има обврска да ги потроши сите пари.

„Сумата е од прилика некаде околу 80 милиони денари која што сметаме дека е апсолутно доволна за медиумското претставување на Собранието според законот“ – вели Манчевски.

Манчевски вели дека Владата нема да троши јавни пари за потребите на референдумот, почитувајќи го Законот за референдум.

„Ние само обезбедуваме средства за пратениците во Собранието да можат да водат кампања согласно своите убедувања за референдумското прашање“ – вели Манчевски.