Македонија 13. ноември 2019. / 10:39

Судот во Скопје го ослободи Никола Груевски

Судот во Скопје го ослободи Никола Груевски

Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“ за кинеските автопати во земјава.

Неговиот адвокат, поставен по службена должност, го побарал ова поради апсолутно застарување на делото поради фактот што за разлика од останатите обвинети, Груевски беше обвинет со обвинителен предлог за казна од 1-3 години за примање награда за противзаконито влијание, пренесе Алсат.

Освен Груевски, обвинет е и неговиот близок соработник, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и екс директорот на Агенцијата за државни  патишта, Љупчо Георгиевски.