Македонија 12. јули 2019. / 17:52

Студентите остануваат без здравствено осигурување преку летото

Студентите остануваат без здравствено осигурување преку летото

Студентите во лето остануваат без здравствено осигурување. Доколку се разболат или имаат потреба од хирушка интервенција мора да платат приватно за терапијата или операцијата, пренесува Сител.

Матичните лекари бараат од Фондот да направи промени во софтверот и студентите потврдите да ги доставуваат во септември или октомври зошто администрацијата на факултетите овој период користи годишни одмори и неможе да им се издаде документ дека уште студираат.

Алармираат матични лекари дека пациентите кои се студенти остануваат без здравствено осигурување, што не е добро, а нема од каде луѓето да донесат потврда заради тоа што неработат студентските прашања и не може да се однесе таа потврда дека сеуште се студенти во ФЗО. Замолено е, Фондот овој момент да го решат и потврдите да се носат во октомври – изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ за Сител.

Целиот текст на Сител, можете да го прочитате ТУКА.