Македонија 25. јануари 2019. / 15:31

Столтенберг: Очекувам идната Република Северна Македонија да стане членка на НАТО

Столтенберг: Очекувам идната Република Северна Македонија да стане членка на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер, ја честита ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

Според него, ратификацијата на Договорот е важен придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Тој напиша дека очекува идната Република Северна Македонија да и се приклучи на НАТО.