Македонија 06. февруари 2019. / 12:35

Столтенберг ни порача: Ќе имате рамноправен глас во носењето одлуки како сојузници

Столтенберг ни порача: Ќе имате рамноправен глас во носењето одлуки како сојузници

НАТО амбасадорите само што го потпишаа пристапниот протокол за Република Сверна Македонија и сакам да ги поздравам Скопје и Атина што покажаа посветеност и храброст во спогодбата за името, изјави секретарот на НАТО Столтенберг и кажа дека откако сите сојузници ќе го ратификуваат протоколот Македонија ќе стане 30та членка на сојузот.

– Ќе имате рамноправен глас во носењето одлуки како сојузници. Веќе давате важен придонес во сојузничката безбедност и спроведувате големи реформи. – кажа Столтенберг.

Генералниот секретар рече дека пристапувањето на Република Северна Македонија ќе донесе повеќе стабилност на Западниот Балкан и за Евроатланската безбедност.

– Од денес вашата земја ќе учествува во состаноците на НАТО како поканета земја. – истакна на заедничката конференцијата со министерот Димитров, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.