Македонија 19. март 2020. / 15:09

Столтенберг: Македонија во најскоро време ќе стане членка на НАТО

Столтенберг: Македонија во најскоро време ќе стане членка на НАТО

Северна Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО во најскоро време, сите членки на алијансата го завршија процесот на ратификација на протоколот за пристапување. Ова денеска го изјави генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг, пренесува ТАСС.

Според извори на агенцијата, завршувањето на процедурата ќе биде објавено на средба на министрите за надворешни работи на државите-членки на НАТО во текот на април.

Но, Столтенберг денеска посочи дека Алијансата се уште не одлучила како ќе ја одржи средбата, заради ограничувањата предизвикани од пандемијата од корона вирусот.