Македонија 04. декември 2018. / 11:43

Столтенберг: Ќе го поздравиме напредокот на Македонија на патот кон НАТО

Столтенберг: Ќе го поздравиме напредокот на Македонија на патот кон НАТО

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на претстојната дводневна средба ќе го поздрават напредокот на Македонија на патот кон членство во Алијансата и ќе и изразат поддршка на Украина, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Јенс Столтенберг, пренесува МИА.

– Украина не е дел од НАТО, но членките на Пактот ќе продолжат да и пружаат силна политичка поддршка и помош за модернизација на украинската армија. – изјави Столтенберг.

Пред денешниот почеток на министерската средба, Столтенберг уште еднаш ја повика Русија да ги ослободи украинските бродови и морнари, што ги задржа на 25 ноември во близина на Крим.

– Решително ги поддржуваме независноста и територијалната целовитост на Украина. Поради агресивните постапки на Русија кон Украина – незаконската анексија на Крим и настаните во Азовското Море – НАТО прогласи највисок степен на својата готовноста од крајот на Студената војна. Тоа е директен одговор на активностите на Русија кон Украина. – истакна Столтенберг.

Тој нагласи дека НАТО е загрижен поради развојот на новиот руски ракетен систем и прекршувањето на Договорот за отстранување на ракетите со среден и краток дострел од Европа.

– Потребна е итна, транспарентна и проверлива примена на договорот. – додаде генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг нагласи дека министрите на претстојниот состанок ќе и изразат и силна поддршка на Грцуија и ќе ги поддржат напорите за мировни преговори меѓу Владата на Авганистан и талибанците