Македонија 20. октомври 2018. / 10:31

Столтенберг: Го поздравувам гласасњето во Скопје – сега завршете ги обврските од Договорот

Столтенберг: Го поздравувам гласасњето во Скопје – сега завршете ги обврските од Договорот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени во македонското Собрание.

„Го поздравувам гласањето во парламентот во Скопје за предложените уставни измени. На владините и политичките лидери останува да ги завршат националните процедури за спогодбата за името и да ја искористат оваа историска можност да ја доведат земјата во НАТО“, напиша Столтенберг во својата порака.