Македонија 22. јули 2020. / 18:53

Стојчевски: Денес имаме најдемократски Статут од сите наши сестрински партии во Југоисточна Европа

Стојчевски: Денес имаме најдемократски Статут од сите наши сестрински партии во Југоисточна Европа

ВМРО-ДПМНЕ донесе нов статут со кој се ограничи мандатот на претседателот на партијата што претставува нов значаен исчекор. Дополнувањата на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ  од страна на ЦК претставуваат негова модернизација и постојано се поздравувани. Александар Стојчевски, еден од лидерите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил напиша:

“Potius sero quam numquam”
– Подобро некогаш отколку никогаш.
Денес имаме нов Устав (Статут).
Иницијативата која ја поднесовме како Декларација на 28.06.2017 до ЦК денес конечно резултираше со нова реалност, прифатени се 8те принципи на која почиваше истата:
1.Принцип на слобода на мисла и говор,
2.Принцип на рамноправност,
3.Принцип на непосреден избор,
4.Принцип на тајност во одлучувањето,
5.Принцип на неспоивост на функции,
6.Принцип на индивидуална одговорност,
7.Принцип на личен интегритет и квалитет,
8.Принцип на внатрепартиска солидарност.

Слободно можам да кажам дека веќе денес имаме најдемократски Статут од сите наши сестрински партии во Југоисточна Европа, лично учествував во неговата изработка и сум горд на целиот тим кој ја започна целата иницијатива како и на тимот кој работеше на негова изработка и негово конечно донесување од страна на Статутарната комисија, ИК и ЦК.

Зашто нов Статут?
Затоа што членството е суверен, и суверенитетот на партијата произлегува од непосредното одлучување на членството.
ДА за суштинска демократизација со промена на Статут.
НЕ за персонални решенија.
Со новиот Статут кажуваме:
Силно НЕ за избор на партиски функционери од една личност.
Силно ДА за избор на партиски функционери со транспарентно гласање од самото членство!
Силно ДА за конструктивни политики за внатрешни и надворешни партнери.
Враќање на силната поддршка од нашите партнери во ЕУ и НАТО.
Силен прогрес и развој на Република Македонија кон Евро-А!тланскиот пат!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!