Откако утринава бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов објави провокативен Фејсбук статус, во кој наводно објавува лица од ВМРО-ДПМНЕ кои се здобиле со бугарско државјанство, се огласи и еден од оние кои се најдоа на списокот, Бојан Стојаноски, отфрлајќи ги обвинувањата како лажна вест.
На својот профил на Фејсбук, Стојаноски напиша дека тажно и жално е што Министер за одбрана на земја членка на ЕУ шири лажни вести и манипулира со непроверени информации. А бидејќи Костадин Костадинов, кој го нарекува „еден од перјаниците на власта“, ја рашири оваа лажна вест на Каракачанов, доколку не се извини ќе добие тужба.
– Еден од нив и портпаролот на СДСМ, еден од главните пропагандисти на лажните вести Костадин Костадинов, кој го повикувам уште еднаш да ги произнесе овие тврдења, ама без точки, запирки и релативизирања за да можам да го тужам доколку не се извини за оваа лажна информација. Средствата кои ќе ми ги исплати за таа клевета ќе ги донирам за Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, наведува меѓу другото Стојаноски.
Во прилог, ги споделуваме статусите на Костадинов и Стојаноски.
Не е проблем што веројатно половина раководство и пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, од Антонио Милошоски до Бојан…
Posted by Kostadin Kostadinov on Thursday, March 11, 2021
Тажно е и жално што Министер за одбрана на земја членка на ЕУ шири лажни вести и манипулира со непроверени информации….
Posted by Бојан Стојаноски on Thursday, March 11, 2021