Македонија 21. септември 2018. / 15:14

Стоилковски: Заев крои нов Устав напишан по грчки инструкции

Стоилковски: Заев крои нов Устав напишан по грчки инструкции

Македонскиот народ е експеримент на Зоран Заев, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО–ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Достоинството на македонскиот народ е ставено на тезга од страна на Зоран Заев кој крои нов Устав напишан по грчки инструкции. Владата, министерот Никола Димитров како потписник на договорот и Зоран Заев како договарач на овој документ, мора да престанат со криење. Гласачите мора да ги знаат вистинските факти за да донесат правилна лична одлука на 30-ти септември. Дали се точни информациите дека амандманите се веќе подготвени и се кријат од јавноста? Дали амандманите се напишани од грчката власт и доставени како нон пејпер?, праша Стоилковски.