Македонија 08. февруари 2021. / 10:00

Стоилковски: Зад реформите во образованието има агенда

Стоилковски: Зад реформите во образованието има агенда

Секоја реформа во образованието којашто би водела кон раст кон она што значи успех на македонските деца и македонската наука би требало да биде добредојдена бидејќи ние немаме ниту еден универзитет на оние познати листи, рече портпаолот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во „Утро со Златев“, на Радио Лидер.

„Она што значи мерење на стандардите во образованието, се мери успехот на учениците, она што го имаат како знаење во себе, на тие мерења се мери колку заостануваат  определени држави, според знаењето на децата со другите. Можам да кажам дека, од воведувањето на онаа реформа со Кембриџ системот е намелена таа разлика според лидерите на таа земја. Оние деца кои имаат најногу знаење е намалена таа разлика  на некои две до три години. Станува збор за разликата помеѓу знаењата и можностите на оние ученици се од највисоката листа до оние коишто се под, да речеме некои како Македонија, колку години, каде каскаат едните зад другите. Со воведување на Кембриџ системот таа разлика е намалена. Но, не е доволно, затоа е потребно да има нови реформи, но очигледно не од ваков тип, и не со инает кон оние коишто тоа го прават“, рече Стилковски.

Зад сето ова, додаде тој, има агенда со која, вели, не се сложува.

„Дел од таа агенда веќе е почната во Општина Карпош со измени и воведување на теми уште во градинка“, додаде Стоилковски.