Македонија 01. мај 2019. / 14:22

Стоилковски: Стево Пендаровски сака да биде претседател на држава, а бега од ТВ соочувања со граѓаните

Стоилковски: Стево Пендаровски сака да биде претседател на држава, а бега од ТВ соочувања со граѓаните

Стево Пендаровски сака да биде претседател на држава, а бега од ТВ соочувања со граѓаните, бега од прашањата од опозицијата, бега од јавноста, изјави на прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сака да биде претседател кој се појавува само на фингирани трибини, со нарачани прашања, а ако некој дури и добие шанса за вистинско прашање – му го исклучува микрофонот- рече Стоилковски.

Тој побара Пендаровски да одговори зошто не го осудил и се оградил од приватизацијата и каква е неговата улога како Шеф на аналитика за време на гостиварските настани 1997 година и дали тоа било осмислено за да се прикрие најголемата девалвација на денарот во однос на тогашната германска марка, што се случи во истиот ден, на 12 јули 1997.