Во утринскиот подкаст „Утро со Златев“, на Радио Лидер, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски зборуваше за пoвеќе актуелни теми во Македонија, како и за планот на Владата за вакцинација на населенито против Ковид-19, според кој ќе се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани дневно кога ќе пристигнат вакцините.
„Да се вратиме на почетокот кога сите велеа доаѓа страшна епидемија, сите држави се подготвени, државите набавуваат реагенси за да може да прават тестирања, сите држави внимаваат на економијата за да можат го истрпат овој удар од короната. Што правеше Македонија, според Заев таа „блескаше“. Треба да потстетам дека „блескавме“? Дека немавме тие реагенси со што требаше да се испитуваат граѓаните на почетокот, па сите земји околу нас имаа, а ние не ни знаевме какви реагенси требаа, Филипче нели беше оној „блескавиот“ министер. Што се случи? Што се случи од тогаш до сега? Целосно каскање и заостанување и со набавка на вакцини, и со вакцинирање односно со се“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека кој знае кога „Фајзер“ ќе му ја издаде дозволата на Филипче, за колку вакцини Македонија ќе добие.
Целото интервју погледнете го на следниот ЛИНК.