Македонија 08. февруари 2021. / 09:30

Стоилковски: Макрон ја откачи Македонија заради власта, а метлата на Заев не заигра по неговите криминални функционери

Стоилковски: Макрон ја откачи Македонија заради власта, а метлата на Заев не заигра по неговите криминални функционери

Макрон ја откачи Македонија заради Зоран Заев и неговиот криминоген карактер, лукративен, коцкарски „all in“ карактер, на што се прилепија понатаму и Холандија и други држави, истакна утринава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во „Радио Лидер“.

Според него, поради тоа Македонија не доби датум, спротивно на, како што рече, лагите на Зоран Заев, на Димитров, на Бујар Османи.

Стоилковски додаде дека трета година по ред се уште важат препораките од Советот на ЕУ кој што порача четири работи за да започне Македонија преговори со ЕУ. Првата работа беа реформи во администрацијата, втората работа е борбата со корупцијата, трета работа е запирање на високата корупција во власта, досега од четири години на власт на Заев нема ниту еден случај каде што функционер е осуден за криминал и корупција. И покрај кампањите на Заев со метли, не се случи прочистување на криминални функционери кои што се уште работат во Владата.

„Сега актуелната ПР машинерија на Заев упатува нападни пораки до новинари кои што ја критикуваат работата на власта“, рече Стоилковски.

Тој посочи дека според власта на СДСМ опозицијата е виновна што Македонија се уште нема вакцини и не е започнат процесот на вакцинација.

Целото интервју погледнете го на следниот ЛИНК.