Македонија 17. мај 2020. / 13:02

Стоилковски: ЈО е во спрега со Ден Дончев, цела година знаеле, а не презеле никакви дејства

Стоилковски: ЈО е во спрега со Ден Дончев, цела година знаеле, а не презеле никакви дејства

Уште еден функционер на СДСМ фатен во криминал, уште еден случај за кој што Обвинителството е затворено во пупката на Заев. Во овој хибриден режим, Јовески и Русковска реагираат само од немај-каде, кога случајот би излегол во јавност, а и во тој случај не секогаш предметите имаат завршница, порача на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Нарекувајќи го хибриден режим кој што прави компромиси со криминалот, Стоилковски вели дека информации и докази стојат во фиока и по неколку години, со што директно Обвинителството создава неправда.

-ЈО се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев. Цела година знаеле за нелегалните приходи на Ден Дончев, а не презеле никакви дејства. И повторно требаше медиумите да објават за тоа да соопштат дека се води истрага за Дончев, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари. Ден Дончев половина година примал пари од муртинската фирма „Ремаркет“, за консултантски услуги кои ги давал додека бил и директор на ФЗОМ. Тоа е спротивно на закон, спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која што не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ, истакна Стоилковски.

Притоа прашува, зошто чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Ден Дончев? Дополнително, вели Стоилковски, ЈО треба да одговори зошто ги толерира и други афери за Дончев за кои што, како што пишуваат медиумите, имаат докази, а сепак истрага нема ни на повидок!?

– Според информациите од медиумите Ден Дончев годишно преку посредници можеби земал над два милиони евра од компании и фирми кои што за да си ги земат парите од ФЗОМ морале да му исплатат процент! Очекуваме ЈО да се оттргне од канџите на Заев и да почне да работи според законот и според дадените заклетви, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој уште една потенцираше дека ЈО мора да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на, како што вели, омилениот играч на Заев, Ден Дончев. Доколку сепак се одлучат да му слугуваат до крај на криминалецот од Муртино, правда ќе има со воспоставувањето на правната држава по изборите.