Македонија 19. јануари 2021. / 22:02

Стоилковски до Костадинов: Коки, имаш путер на главата, си лапал багатела имот, а?

Стоилковски до Костадинов: Коки, имаш путер на главата, си лапал багатела имот, а?

Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на неговиот фејсбук сподели реакција на Костадин Костадинов, во која побара пратеникот на СДСМ, како што пишува, да не го реди во уста ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, по информацијата која се појави во неколку медиуми за наводна продажба на луксузна вила во резиденцијалниот дел на Водно, за над 10 пати помалку од реалната вредност, а за која медиумите пишуваат дека станува збор за нова рекетарска шема во СДСМ, со реакција се јави Костадинов во која тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за ширење лажни вести.

На ова следуваше реакција на опозицискиот портпарол Наум Стоилковски во која тој напиша:

-Го молам присутниот џган да не го реди во уста ВМРО-ДПМНЕ. Туку интересно е како се почуствува повикан да одговори? Куќа во Струмица, стан во Скопје, кола, нов мотор, викендица, сега пак се подновил? Коки, имаш путер на главата, си лапал багатела имот, а?, пишува Стоилковски.

Го молам присутниот џган да не го реди во уста ВМРО-ДПМНЕ.
Туку интересно е како се почуствува повикан да одговори?…

Posted by Naum Stoilkovski on Tuesday, January 19, 2021