Македонија 29. август 2020. / 17:48

Стоилковски: Дали оваа е зградата каде Нина Групер купи стан, со парите кои ги извади од пропаднатата банка?

Стоилковски: Дали оваа е зградата каде Нина Групер купи стан, со парите кои ги извади од пропаднатата банка?

Граѓаните не знаат како да си ги вратат заработените пари од Еуростаднард банка, која пропадна и е дел крими афера во која е вмешан врвот на власта тешка 200 милиони евра.

Нина Ангеловска, како министерката за финансии наместо да се грижи за народот и економијата, на време си ги извади парите од Еуростандард за да си купи стан, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, стоејќи пред станбен објект во кој, како се верува, Ангеловска купила стан.

Според него, илјадници пензионери се во неизвесност како и дали ќе земат пензии, илјадници граѓани се туркаат по банки за да отворат сметки е малтретираат оние кои што можат да отвораат нови сметки среде лето и во ек на смртоносна епидемија. Сето ова можеше да се спречи доколку Нина Ангеловска наместо за својот повеќе се грижеше за интересот на граѓаните.