Судбината на Томор Морина, поранешниот припадник на УЧК, осомничен за злосторство над Србите во 1999 година, освен од меѓународното право, ќе зависи и од политичката ситуација во Македонија, пишува српски „Блиц“.
Морина, кој заедно со девет припадници на УЧК вршеле злосторства над Србите, веќе недела дена се наоѓа во екстрадиционен притвор, откако Србија, уште во 2005 година, распиша потерница по него, преку Интерпол. Србија го бара Морина за воените злосторства во Ѓаковица, за убиство, мачење, киднапирање и ограбување на имот.
На Морина му е одреден притвор од 30 дена поради опасност од бегство, а меѓувреме Србија побара барање за негова екстрадиција. Српски Блиц наведува дека одлуката за тоа ја носи министерството за правда.
– За тоа колку е неизвесна неговата екстрадиција во Србија говори и изјавата на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, кој кажа дека таа држава ќе ја почитува законската процедура, истакнувајќи го неговиот пријателски однос со Приштина. – пишува Блиц.
Заев во изјавата кажал и дека гласале за прием на Косово во Интерпол.
Србија се надева дека блискоста на Заев со Косово нема да влијае врз екстрадицијата на Морина.