Македонија

Средба Заев-Меркел: ЕУ и НАТО се единствена алтернатива за Македонија

Средба Заев-Меркел: ЕУ и НАТО се единствена алтернатива за Македонија

Премиерот Зоран Заев, во придружба на вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров, денеска во Софија оствари средба со германската канцеларна Ангела Меркел.

Од владата соопштија дека Заев на средбата истакнал дека големата поддршка на граѓаните за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО говори дека земјата нема друга алтернатива.

Воедно, премиерот изразил убеденост дека Германија ќе ја посвети својата поддршка за датум за преговори на претстојниот Самит на Европскиот Совет во јуни.