Македонија 19. септември 2018. / 10:17

Средба на Зоран Заев со Мајк Пенс во Вашингтон

Средба на Зоран Заев со Мајк Пенс во Вашингтон

Премиерот Зоран Заев утре во Вашингтон ќе оствари средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, соопшти денеска владината прес-служба.
– Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, велат од Владата.

Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.