Македонија 29. мај 2018. / 16:58

Средба на Заев со претседателот на парламентот на Малта

Средба на Заев со претседателот на парламентот на Малта

Зајакнување на соработката на законодавните домови на Македонија и Малта била темата на разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот на Малта Анџело Фаруџиа.

Како што соопштија од владината прес служба, Заев, кој е во официјална посета на Малта, го информирал Фаруџиа дека во македонското Собрание работи Комисија за соработка со Малта која е основана во 2017 година и дека би претставувало значаен исчекор доколу слична пармалентарна група се основа во паралментот на Малта.

Спикерот на парламентот Фаруџиа на средбата изразил подршка за силната волја на македонската Влада во имплементација на реформите и враќање на основните демократски начела на владеење на право. Тој посочил дека Македонија е на вистинскиот пат кон интеграцијата во Европската Унија.