Денеска Србија започна со вакцинација. Први кои ја примаат вакцината се на „Фајзер“ се Брнабиќ, д-р Кисиќ Тепавчевиќ и д-р Кон со цел граѓаните да се уверат во нивната безбедност, потоа на ред се корисниците на стари домови. Легитимно е да го поставиме прашањето, до каде е Македонија и што правиме ние на оваа тема.
Вакцинацијата во Србија започнува денеска, а како што најави претседателот Александар Вучиќ, корисниците на домови за стари лица прво ќе бидат вакцинирани затоа што се најзагрозени. Вакцината прво ќе ја примат денес, во 10 часот, премиерот Ана Брнабиќ, министерката за труд и член на кризниот штаб Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот д-р Предраг Кон.
– Сакаме да покажеме дека е безбедна. Вакцинацијата најпрво ќе започне во домовите за стари лица, бидејќи е важно да се заштитат овие луѓе. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние постари од 80 кои умреле. Тие се најзагрозени и затоа треба да започнеме со нив, рече Вучиќ за време на обиколката во селото Голубинци во Срем.
Додека Србија започнува со вакцинирање, а Македонија се‘ уште ги нема обезбедено вакцините, односно најверојатно ќе ги добиеме како донација ќе го добиеме од Бугарија или евентуално Грција. Вчеравечер на Радио Лидер во емисијата Филибастер гостуваше доктор Игор Николов. Тој вели дека нашата Влада постапува многу бавно, а она што е се‘ поверојатно е дека Косово и Србија ќе добијат вакцини пред нас.
Доктор Николов исто така потенцираше за тоа дека ние цело време чекаме донации наместо да се потрудиме да направиме самите вакцинација.
– Да потсетам уште од почетокот на пандемијата се говореше дека тестови ќе се прават во Ниш, па набавија тестови, па почнаа со донации и сега исто. Во меѓувреме ни го сервираа КОВАКС механизмот, па излезе бил за земји во развој. Па ние не сме земја која не може да набави, да преговара. И така додека се знае во другите земји кој кога вакцинира кај нас нема ништо. Така се навикнавме на донации, потоа на онаа „ај кога ќе дојде тогаш ќе мислиме“. Излезе и КОВАКС механизмот донација. Се што се случува е резултат на кампањата за пи-ар, но пи-ар само на Венко да има стикери за Венко и слично, рече Николов на вчерашната емисија.
Она што загрижува е тоа што Македонија чека донации, а целиот регион полека се вакцинира.
Пред неколку денови министерот за здравство Венко Филипче ја посети Софија каде нашиот министер побарал од Бојко Борисов да му даде донација од вакцини. Пратка за Бугарија се очекува да стигне наскоро, а дел од тоа треба да се обезбедат и за Македонија.
Бугарија вакцините ги набавува директно од производителите, а Македонија чека вакцини од нив наместо да го стори истото како Бугарија.
Целиот линк од гостувањето на Николов за Радио Лидер може да го погледнете тука.