Македонија 02. јули 2018. / 13:46

Според Зоран Заев, вчерашните случувања во ноќните клубови, биле доказ дека законите важат за сите

Според Зоран Заев, вчерашните случувања во ноќните клубови, биле доказ дека законите важат за сите

Според премиерот Зоран Заев, реакциите поради полициските рации во дискотеките, докажувале дека законите конечно важат за сите.

Тој потврди дека во рациите не биле пронајдени никаква дрога, и никакво оружје, а дека полицијата постапувала коректно и професионално.

Премиерот не одговори дали е ова вообичаена ситуација, и дали може постојано да се очекуваат и други вакви „коректни и професионали“ упади на полицијата во ноќните локали.