Македонија 22. јануари 2020. / 14:37

Според Индексот на демократија Македонија останува „хибриден режим“

Според Индексот на демократија Македонија останува „хибриден режим“

Македонија е рангирана на 77 место во светот според Индексот на демократија во 2019 година, што денеска го објави „Економист“.

Ова претставува подобрување од само едно место во однос на 2018 година.

Според рангирањето, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан…