На денешната прес-конференција, министерот Оливер Спасовски потврди дека единицата за прв одговор „Алфа“ и единицата за Јавен ред и мир се спојуваат во една единица.
Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека се прави нова реорганизација во МВР и дека овие две единици ќе работат како посебна интервентна единица.
-Точно е дека се прави реорганизација во МВР. Единицата „Алфа“ и единицата за јавен ред и мир сега се спојуваат во една единица која ќе работи како интервентна единица – рече министерот Оливер Спасовски.
За тоа кој ќе раководи со новата интервента единица ќе се знае до петок.