Оливер Спасовски наместо со формални апели нека премине на дела, реагираат до ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Како прв чекор треба да покрене иницијатива државните институции да го расчистат случајот кога минатиот викенд неговата СДСМ вадеше заразени лица од корона да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник. Спасовски кога говори за дисциплина нека почне од Костадин Костадинов и техничкиот градоначалник за осум месеци Сашко Николов кои по изборите групно славеа во ресторан кој не треба да работи, а кој беше отворен само за функционерите на власта“, додаваат од партијата.
Оттаму сметаат дека Спасовски нема кредибилитет да бара граѓаните да ги почитуваат мерките, а тој да биде првиот кој нема да ги почитува мерките за заштита од корона и да толерира беззаконие.
„Ваквите мерки на Спасовски повторно ќе доживеат фијаско зошто двојните аршини на власта се доказ за неподносливата ароганција на владата и поделба на граѓаните“, се наведува во партиската реакција.