Македонија 02. ноември 2020. / 20:25

Советникот на Трамп: Македонија е наш приоритет

Советникот на Трамп: Македонија е наш приоритет

Eден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Брнс, во пресрет на американските избори даде интервју за македонскиот портал „Медиа.мк“ во кој зборува за американската политика на Балканот и во Македонија.

Брнс смета дека на Балканот постојат сериозни проблеми и конфликти подолг период и дека претседателот Трамп има фокус тие конфликти да се решат колку е можно поскоро, ставајќи приоритет пред се на економската и политичка соработка на Балканот каде САД има намера да земе свое учество во тие решавања.

САД има стартешки партнери на Балканот, меѓу кои е и Македонија. Трамп е силно заинтересиран за иднината на Македонија која, и преку НАТО, е во врвот на американските интереси – истакнува Брнс.

Во своите изјави, Брнс го употребува изразот Македонија и македонски народ и ги повикува сите граѓани на САД со македонско потекло да гласаат за Доналд Трамп кому „подршката му е потребна повеќе од кога било …“

Пастор Марк Брнс е еден од ретките соработници кои останаа до Претседателот Трамп од 2015 година до денес. Тој е клучен човек на Претседателот во односите со Афроамериканците.