Македонија 20. август 2019. / 18:38

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ АЕродром ја напуштија седницата: Македонија е единствена држава со политички затвореници

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ АЕродром ја напуштија седницата: Македонија е единствена држава со политички затвореници

Како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавувам дека ние денеска ќе ја напуштиме седницата на Советот и нема да учествуваме во работата на советот се додека власта спроведува политички прогони кон свои политички противници и неистомисленици. Ова денес го истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници. Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски ,е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев. Сведоци сме на огромни скандали околу случајот Рекет кој со месеци се развлекува, а неосновано повеќемина членови на ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку месеци се во притвор. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром се додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка, рече тој.