Брачен пар од Дебар, кои се вратиле од Италија, се двата нови случаи кај кои е констатиран коронавирус во земјава.
Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија“, соопшти Министерството за здравство.
Оваа информација вечерва ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче. Министерството ги собира деталите за околу 40 патниците кои патувале во ист автобус со брачниот на 27 февруари кога влегле во земјата прерку граничниот премин Деве Баир. Дел од нив се симнале во Куманово и Скопје.