Македонија 03. февруари 2021. / 12:14

Николоски: Интерпелацијата на Димитров да биде прифатена поради тоталното фијаско со ЕУ интеграциите

Николоски: Интерпелацијата на Димитров да биде прифатена поради тоталното фијаско со ЕУ интеграциите

Во Собранието денеска почна расправата по интерпелацијата за работата на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, образложувајќи ги причините за интерпелацијата истакна дека очекува таа да биде прифатена поради, како што рече, тоталното фијаско со европските интеграции на државата што е целосно спротивно на ветувањата на владејачкото мнозинство.

-Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори  за членство во ЕУ. Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме тука во Собранието во услови кога Македонија воопшто  не почнала преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога  и дали воопшто ќе ги почне е најголемо фијаско што можеше да и се случи на оваа Влада, рече Николоски, дополнувајќи дека за ваквата состојба најодговорни се Димитров и претседателот на Владата.