Македонија 14. февруари 2020. / 22:17

Собранието продолжи со работа: На дневен ред 4 точки, меѓу кои и разрешувањето на Мизрахи

Собранието продолжи со работа: На дневен ред 4 точки, меѓу кои и разрешувањето на Мизрахи

По паузата од еден час, откако беше исцрпена расправата по предлог Законот за Јавното обвинителство, а претседателот Талат Џафери ги задолжи координаторите на пратеничките групи да го обезбедат потребното мнозинство, собранието продолжи со работа со нов дневен ред. За продолжението на 135 седница претседателот Џафери рече дека ќе извести дополнително.

Собранието продолжува со работа по 136. седница на чиј дневен ред се четири точки: разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање.

На 135. седница освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.