Македонија 27. ноември 2018. / 18:27

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски

Пратениците со 62 гласа „за“ изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски. Во салата не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите без дискусија изгласаа да му биде симнат имунитетот, постапувајќи по барањата од кривичниот суд кој бара притвор за Груевски. Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кој беше присутен во салата, не гласаше на седницата.

Ниту еден од пратениците не гласаше „воздржано“ и „против“. Поканет на седницата бил претседателот Ѓорге Иванов, кој не се појави. Пратениците гласаа за шест барања за притвор кои стигнале од кривичниот суд до Собранието.