Комичари несакајќи го фатија премиерот како договара мито од 100 илјади евра. Ова не е првпат Зоран Заев да биде насамарен. Со него, во минатото, се мајтапеа и новинар и лажен принц, пренесува Курир.
Покрај лажниот разговор на премиерот Заев со шефот на НАТО Јенс Столтенберг, руските пpaнкepи Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) објавија снимка и од телефонски разговор во која Заев мисли дека разговара и со пopaнeшниот претседател на Украина Петро Порошенко. Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.
Скандалозниот дел може да се слушне во 46 минута, каде Заев во крајниот разговор договара мито за Вартоломеј. Лажниот Порошенко кој му се јавува му вика на Заев „јас го решив проблемот со украинската црква, ама му дадов донација на Вартоломеј од 100 илјади евра и тоа кеш”.
На ова, Заев вика да да тоа е многу нормално, дека тоа не е проблем за нас, односно „во ред е ќе го направиме тоа во кеш”.
„Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на статус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј.
Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден ycлoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 100 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ.
На ова Заев според објавеното видео вели дека тие пари не се проблем.
Ова не е прв случај на кој наседна премиерот. И лажен принц на Црна Гора го одликуваше Заев. Стефан Чернетиќ, кој тврдеше дека е принц од Црна Гора, Македонија и Србија, пред нецела година, се сретна со Заев и објави фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.
На фотографиите Чернетиќ го одликуваше Заев во просториите на Владата на Република Македонија. Само за потсетување, за Стефан Чернетиќ беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист.
Во 2012 година, Заев исто така беше насамарен. Видеото подолу представува целосен телефонски разговор помеѓу Зоран Заев и новинар на Нет Пресс кој се представува како Претседател на СДММ- Крива Паланка.