Македонија 05. септември 2018. / 16:21

Со шест месеци работно искуство во МВР доделила милионски бизнис за возачки испити на млад сопственик

Со шест месеци работно искуство во МВР доделила милионски бизнис за возачки испити на млад сопственик

Со шест месеци работно искуство во Министерството за внатрешни работи и ниту еден ден искуство во областа на сообраќајот, Сунчица Алексовска, била на чело на комисијата која на фирма стара седум дена и обезбеди тендер за вршење дејност – испитен центар вреден неколку милиони евра.

Алексовска важи за човек од доверба, силен активист на СДСМ, блиска до Оливер Спасовски која изминатиот период работела во општина Куманово, а блискоста со Спасовски ја стекнала во средношколските денови.

Инаку фирмата „Авто испитен центар Скопје“ која 7 дена по основањето доби милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје е во сопственост на 26-годишниот Виктор Серафимов, кој е и управител на фирмата, објави претходно Алфа.

Според податоците од Централниот регистар, „Авто испитен центар Скопје“, е друштво формирано на 19 јуни, 2018 година. МВР пак јавниот конкурс за избор на фирма која ќе врши полагање возачки го распишале на 25 јуни, една недела по отворањето на фирмата.

Според одлуката на Министерството, младата компанија победила на тендерот, па од игра неофицијално биле исфрлени АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија.

„Авто испитен центар Скопје“ во наредните пет години ќе бидат единствените што ќе спроведуваат теоретски и практични тестирања за возачки испити.