Македонија

Скринингот официјално започна – Заев објави кој ќе ги води преговорите

Скринингот официјално започна – Заев објави кој ќе ги води преговорите

Премиерот Зоран Заев, на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги објави имињата на првите луѓе кои ќе ги водат преговорите за членство во унијата.

За главен политички преговарач и шеф на делегацијата за преговори со ЕУ, Заев го назначи заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи. За заменик на главниот политички преговарач и главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим назначен е Бојан Маричиќ.

Заев го задолжи Секторот за еворпски прашања во координација со канцеларијата на претседателот на Владата и министерот за надворешни работи да подготви информација со предлог на концепт за преговарачка структура и соодветни акти до крајот на јули.

Хан во своето обраќање објави дека скрининг процесот официјално започна.