Министерството за здравство информира дека според бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, во Скопје се регистрирани 178 лица, во Тетово бројот на заразени е 76, додека во Прилеп и Велес активни случаи се регистрирани 56, односно 49. Во Куманово во моментов има 27 активни забилени од новиот вирус.
Активни случаи нема во десет градови во државата, а по 4 заболени бројат Струга и Гостивар, Штип-3, Битола-9, Охрид-6.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска во државата се регистрирани нови 23 заболени од Ковид-19, а еден пациент од Тетово починал.