Македонија 16. јануари 2020. / 11:37

Скопјани и душичката на Заев: „Јас сум за нив селак од Струмица“!

Скопјани и душичката на Заев: „Јас сум за нив селак од Струмица“!

Скопјани, значи, срам да ви е. Како можевте да си дозволите вакво девалвирање и понижување на една личност како што е угледниот, почитуван и достоинствен Зоран Заев, поранешен градоначалник на Струмица и премиер на Македонија и се уште актуелен претседател на владејачкиот СДСМ.

Такво омаловажување не заслужува, а уште помалку човекот да биде доведен во ситуација при договарање купопродажна зделка на државно земјиште во Струмица на заинтересираниот купувач да му се жали од скопјани.

-Јас си знам, душичката ми ја извадија. Јас сум за нив селак од Струмица дојден таму, вели Заев, меѓу другото, во најновата снимка објавена од новинарот Зоран Божиновски.

Се уште не е јасно дали објавената снимка е, всушност, целата снимка од случајот „Поткуп“ во кој Зоран Заев беше ослободен.