Дека здравството е во хаос, покажува и фактот дека во струмичката болница во одделот за интервентна хирургија се користат средства за оперирање со поминат рок. Некои од материјалите имаат поминат рок повеќе од три години. Освен материјали за интервенциите, на пациентите им се делат и лекови со поминат рок од неколку години, јавува Инфомакс.
Ваквата состојба во здравството се одрази и на последната анкета која ја објави телевизија „Телма”, според која граѓаните се најнезадоволни од работата на министерството за здравство и министерот Филипче.