Македонија 08. август 2018. / 11:26

Скандал во МВР: Лажеле дека апсат членови на ИСИС

Скандал во МВР: Лажеле дека апсат членови на ИСИС

Американското министерство за одбрана го откри најновиот скандал во МВР.

Откако вчера медиумите беа брифирани дека во полициска акција на МВР биле лишени од слобода 7 припадници на ИСИС кои се бореле во Ирак денеска се открива дека седумтемина веќе биле уапсени и биле чувани по затвори во Ирак и Сирија, по што сојузниците само ги префрлиле во затвор во Скопје.

Вистината е дека Македонија само се согласила да ги прими односно да изврши репатријација а не дека МВР ги лишила од слобода.

МВР во своите брифинзи никаде не кажа дека се работи за репатријација туку дека во акција тие се лишени од слобода иако веќе биле притворени.