Македонија 08. февруари 2021. / 15:34

Скандал во битолска Гинекологија: Сопругата на лекар која не е вработена во болницата извршила царски рез

Скандал во битолска Гинекологија: Сопругата на лекар која не е вработена во болницата извршила царски рез

Скандал го тресе одделението за гинекологија во Битолската болница.

Суспендирани се двајца лекари – гинеколози, откако еден од нив си ја повикал сопругата која е невработен гинеколог, странски државјанин да учествува во породување жена со царски рез. Извори од одделението за Гинекологија за „Независен“ откриваат дека скандалот се случил на почетокот на јануари, кога помладиот од гинеколозите ја внел сопругата во родилната сала. Двајцата вработени гинеколози биле во салата, но наводно работата ја препуштиле на сопругата на помладиот гинеколог.

По ова еден од вработените во Гинекологија се јавил во полицијата и го пријавил случајот. Извори од СВР Битола, неофицијално ни го потврдија настанот и велат дека се подготвуваат кривични пријави за двајца лекари гинеколози.

Инаку, според извори од болницата, операцијата на родилката била успешна, па наводно тоа било причината што семејството не реагирало, но затоа пак реагирале други лекари кои случајот го пријавиле во полиција.

Целиот текст причитајте го на „Независен“.