Македонија 28. јануари 2020. / 19:12

Скандал: Владата на СДСМ им даде пари, а балистите ќе навиваат за Косово против Македонија

Скандал: Владата на СДСМ им даде пари, а балистите ќе навиваат за Косово против Македонија

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија, пишува МКД.

Навивачите на актуелниот македонски шампион, Шкендија, ќе навиваат против Македонија. Изненадување? Не. Познат е ставот на „балистите“ – облеани со албански национализам, тие ниту на сон не би ѝ дале поддршка на македонска репрезентација, иако во неа значаен број од репрезентативците се Албанци.

Во минатото „балистите“ навиваа за Албанија кога таа играше против Македонија, а сега нивната поддршка против нашата земја ќе ја има Косово. Се договорија со косовските навивачи „Дарданианс“ на 26 март да се обединат и заедно да навиваат против нас.

Но на „балистите“ не им пречи сè што е македонско: на пример, не им пречеа парите што ги добија од владата за самопромоција. Минатата година Министерството за култура на Македонија им додели пари да направат видео во кое се промовираа себе.

Тажно е кога ќе видите дека парите што сте ѝ ги платиле како данок на државата таа ги дава за промоција на групи што не еднаш се свртеле против неа, но реалноста е таква. На 26 март на Националната арена „Тодор Проески“, која тие ја нарекуваат „Арена Адем Јашари“, тие ќе пеат песни против Македонија.

За разлика од „балистите“, навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, потврди дека нема да навива организирано за Косово. Но не затоа што им е многу мила Македонија, туку тие потенцираа дека навиваат само за една држава, за Албанија.

Целиот текст на mkd.mk можете да го прочитате ТУКА.