Човекот кој треба да се бори против корупцијата во Македонија, крие од институциите што поседува – открива Лидер.
Како што дознаваме од извори во Антикорупциската комисија, Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски се уште нема доставено анкетен лист за тоа каков се имот поседува и колку се збогатил во изминатите години.
И на страната на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата, не постои неговиот анкетен лист.
Чудно е што човекот кој треба да се бори против корупцијата, крие имот.