Македонија 28. март 2020. / 21:05

Скандал: Повратниците од Словенија за Македонија се затворени без вода и смрзнуваат во автобус од 15 часот

Скандал: Повратниците од Словенија за Македонија се затворени без вода и смрзнуваат во автобус од 15 часот

Мајка на една од повратниците од Словенија раскажува дека нејзината ќерка и останатите патници се оставени без вода, храна и тоалет и се затворени во автобус во Маврово. Таа ја советувала ќерка си да го скрши прозорот за да има свеж воздух.

Денес сабајле во 11 ќерка ми тргна среќна да се враќа од Словенија за Македонија, со авионот од амбасада, (170 евра шо не е важно но..) и секако без вода оти не може во авион. Еве уште, а сега е 20.15, вода нема пиено, во тоалет нема одено. Така што од 15.30 е затворена во автобусот пред Макпетрол, Маврово, чекајќи преглед за да ги сместат. Нема воздух, шоферот си отишол, нема кај да се бунат, затворени ко најголеми криминалци. И реков да скршат прозорите, ама кај ќе мочаат и од кај вода? Пресови, вести не слушајте, седете си у државите кај што сте не се враќајте ич. Е… ти и Северна и Филипче и се и стоката лажлива. Кој може и сака нека шерува, напиша Марија Феро.