За нас не е важно што господинот Зоран Заев смета за внатрешната состојба во Унгарија, бидејќи тој самиот не е Унгарец, порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сјарто, прашан за постојаните забелешки на поранешниот премиер Зоран Заев дека Унгарија е диктаторски режим и дека Виктор Орбан е диктатор.
Состојбата внатре е таква што ние победивме со двотретинско мнозинство на последните избори и од тука внатрешните работи на Унгарија се внатрешно прашање, рече Сјарто и додаде дека неговите принципи, кога станува збор за надворешната политика, е меѓусебната почит, а почит е додаде тој да не се коментираат внатрешните состојби на пријателската држава.
-Јас се водам од принципи и никогаш не сте ме слушнале да коментирам за социјал демократската влада тука, рече Сјарто и додаде дека кога станувало збор за прашањето за поддршката од Унгарија за пристапувањето на земјава кон ЕУ ова прашање тие воопшто не го поставиле.