Македонија 13. март 2020. / 00:06

Сите сопатници од комбето на прво заболената се негативни на корона вирус

Сите сопатници од комбето на прво заболената се негативни на корона вирус

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување.

Во текот на попладнето вчера, на корона вирус се тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот, а во текот на вчерашниот ден беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на коронавирустот.

Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот, информираат од министерството за здравство.