Македонија 13. јули 2018. / 14:26

Синот на специјалниот советник на премиерот Заев, ќе свири за НАТО со наши пари

Синот на специјалниот советник на премиерот Заев, ќе свири за НАТО со наши пари

Меѓу артистите што в сабота ќе настапат на концерти по повод поканата за НАТО во 15 градови се наоѓа и Горан Кан, ди – џеј кој што е син на Цветанка Ласкова, специјален советник за култура на премиерот Заев, пишува expres.mk.

Горан Кан ќе настапи во Битола заедно со Дуке Бојаџиев и двајца други артисти.

Цветанка Ласкова е претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Во политиката се активираше во 2009 година, кога се приклучи на Градскиот одбор на СДСМ, и стана претседателка на Комисијата за култура, а од 2011 е на чело на Форумот на жени на СДСМ.

Од лани е специјален советник на Заев за култура, го завршува текстот expres.mk.