Македонија 21. март 2019. / 21:35

Синот на осудениот Алими утре на протест – ќе бара негово ослободување

Синот на осудениот Алими утре на протест – ќе бара негово ослободување

Утре во Скопје ќе се одржи протест против пресудата за Абдилфетах Алими, за настаните на 27 април во Собрание, информира ТВ21. Неговиот син, Бурим Алими, денеска повика за масовно учество на протестот, за да се крене гласот против неправдата и монтираните политички случаи. Тој рече дека неговиот татко бил на ниво на задачата и дека неправедно е казнет.

Ние заедно како семејство, со многу роднини и пријатели на татко ми, презедовме иницијатива за да го изразиме нашето незадоволство, бидејќи сметаме дека мојот татко е жртва на политички монтиран случај. Татко ми на 27 април беше на ниво на задачата, штитејќи ги пратениците во Собранието. Во име на Иницијативниот одбор, ги повикувам сите граѓани без разлика, како и оние кои се засегнати со случаите кои им се монтираат на Албанците. Монтираните случаи за Албанците не престануваат, па затоа ве повикувам сите да ни се придружите и заедно да го кренеме гласот на разумот и да побараме правда за нашите блиски кои неправедно страдаат. Нашиот апел е да им кажеме „стоп“ на сите политички монтирани случаи, бидејќи ние нема да застанеме и ако има потреба, правдата ќе ја бараме во повисоките инстанции во Стразбур, изјави Бурим Алими, син на Фетах Алими.