Премиерот Зоран Заев во моментов има вкупно 63 советници, од кои 39 лица се ангажирани како надворешни соработници, пишува ИРЛ. Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари.
Меѓу новите имиња со постојан месечен хонорар се и универзитетскиот професор на Kaтедрата за македонска книжевсност Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин, и двајцата ангажирани од почетокот на годинава.
Ружин е дипломатски советник на премиерот. Секој месец зема 50.000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција“.
Договорот на Андоновски, пак, истекува на крајот на годинава. Тој е ангажиран за проектот „Осмислување на структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија“. Месечно добива паушал од 40,000 денари.
Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.