Македонија 18. април 2018. / 15:52

Синот на Грчев со нов скандал: Овој народ е глуп, одвратен и заслужува да умре!

Синот на Грчев со нов скандал: Овој народ е глуп, одвратен и заслужува да умре!

Овој народ е глуп, исплашен, злобен, малодушен, ограничен, безнадежен, без’рбетен, безидеен, прост, лош, неквалитетен, нечовечен, одвратен и заслужува да умре и ќе умре бавно и болно, угушен во сопствените г*мна – пишува на неговиот фејсбук профил Димитар Грчев, син на архитектот, ексградоначалникот на Центар и советник во Министерството за култура, Мирослав Грчев.

Младиот Грчев, неделава стана тема во Македонската јавност, откако Лидер откри дека без оглас, тој и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, биле вработени во државната компанија ЕЛЕМ по ингеренција на нивните татовци.

IИнаку по стотиците жестоки коментари од страна на граѓани кои беа дел од шарената револуција, младиот Грчев се повлече пред критиките и го избриша постот во кој се пофали дека работи во ЕЛЕМ.

Откако го избриша постот за вработувањето, сега Грчев пишува дека омилен молекул му е H2O и постира депресивна музика од Ник Кејв, а постот за вработувањето во ЕЛЕМ го нема.

Вчера, на неговиот фејсбук профил (во пост кој сега е избришан) Димитар Грчев ја потврди информацијата која вчера ја објави Лидер, дека тој, заедно со ќерката на Талат Џафери, Бесија Џафери се вработиле во ЕЛЕМ.

-Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип.

П.С. Во Штип повеќе плаќаа. – пишува Грчев на неговиот фејсбук профил.

Во коментарите на неговата објава, младиот Грчев налета на жестоки реакции од граѓани и активисти на шарената револуција.

-Тоа во време на ВМРО го викавме непотизам, сега ваљда го викате ,,успеав да се снајдам“.Браво чим се радуваш на државна плата! – коментира една граѓанка.

Друга граѓанка се потсмева со неговата изјава дека претходно земал повисока плата.

– Фино од тебе што повисоката плата во Штип,ја отстапи на некој друг.До лани лаевте, сеа и сензитивни дури.Ај на здравје со нафтава, ама на екс. – му пишува граѓанката на младиот Грчев.

Во одговор до револтираните граѓани, Димитар Грчев објаснува дека ја напуштил претходната работа во октомври затоа што таму не му одговарало темпото на работа.

Според сознанијата на Лидер кои доаѓаат од ЕЛЕМ и АВРМ, Димитар Грчев е вработен на позицијата Инжинер за животна средина а Бесија Џафери во оваа државна компанија ќе работи како правник.